Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош.

Лекарот бил на интервенција по претходно случена сообраќајна незгода на пат Куманово-Свети Николе, во близина на селото Добршане.

– Тој бил навредуван од две непознати лица, роднини на починатиот , по што од таткото на починатиот бил физички нападнат – информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.