Во вечерните часови на 15 јули скопјанец во полициската станица Центар пријавил дека додека седел со неговиот малолетен син во една од собите од семејната куќа на улица Мирослав Крлежа, се слушнало пукање од огнено оружје.

Во еден момент проектил го пробил покривот и паднал на паркетот во нивна близина. Повредени лица нема.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.