Против 24-годишна девојка од Куманово поднесена е кривична пријава.

Како што информираат од МВР, во влез на зграда на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, полициски службеници ја забележале пријавената како во поштенско сандаче остава сомнителен предмет. По извршен преглед, во поштенското сандаче била пронајдена марихуана.

Девојката е приведена.