фото: Илустрација

Триесет и деветгодишен кумановец ја силувал својата ќерка, снимал со мобилен телефон и видеата ги објавувал на социјалните мрежи. Грозоморниот чин го повторувал неколку пати во периодот од мај до јуни годинава.

– Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица – соопшти кумановското обвинителство.

Поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, Судот му определи притвор од 30 дена.

Тој е осомничен за кривичните дела полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и производство и дистрибуција на детска порнографија.