Во СВР Куманово од Општа болница Куманово вчера било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Б.(54) од Куманово.

Според полицијата, тој се повредил при пад од скали на објект во изградба на место викано „Стара бања“ во с.Проевце, кумановско.

Се работи на расчистување на случајот.