Синоќа во Полициската станица Куманово, 45-годишниот С.С. од Куманово пријавил дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака.

-С.С. со Д.Н. седел во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“, а околу 15.00 дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С. тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал- информираат од МВР.

После тоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.