И. И. (34) од село Алданци, Крушевско, вчера пријавил дека околу 16 часот во шума на место наречено Воденица, во близина на Крушево, се сопнал и паднал, при што неговиот револвер „црвена застава“, кој го поседувал со дозвола, испукал и го погодил во ногата.

Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде што му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото извршиле екипи од ОВР Прилеп и ОВР Крушево, а револверот и патронот биле подигнати за понатамошна постапка.

За настанот бил известен и јавен обвинител.