Кривични пријави против седуммина дрвокрадци за пустошење на шумите.

Според информациите, тие на 17 август годинава на планината Караорман биле затекнати како вршат бесправна сеча на букови дрвја, а биле ангажирани од правно лице.

„ ОВР Струга поднесе кривична пријава против Џ.Т.(58) од с.Ново Село, Р.Л.(31) од с.Корошишта, струшко, А.З.(43), А.М.(43), Е.К.(29) и М.П.(35) од Р.Албанија, Р.А.(32) од с.Долно Татеши, струшко и правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба на дрва“ и „пустошење на шуми“.