Свадба со 300 гости била организирана на последниот февруарски ден оваа година во Банско, Струмичко.

Полицијата соопшти дека поднесени се кривични пријави против три лица поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

– На 28.2.2021 пријавените во селото Банско организирале свадбена веселба на Е. И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на одлуката на Владата за забрана за организирање домашни групирања, свадби и други веселби – велат од МВР.

Во текот на денот поднесена е уште една кривична пријава против хотел и менаџер во Тетово поради свадба.

Веселбата се случувала минатиот месец, а присуствувале 80 гости. Од страна на инспектори од Државниот пазарен инспекторат локалот бил затворен, а менаџерот на хотелот приведен.