Штипската полиција поднесе кривични пријави против 39-годишник од Штип и 37-годишник од Чешиново-Облешево и против правно лице од Штип поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Како што информираат од МВР, на 6 април годинава првопријавениот, како управител на правното лице, и второпријавениот, како овластено лице на подружница, не постапиле во согласност со прописите и техничките правила при работа и со тоа предизвикале опасност за животот и телото, од што настапила смрт на лицето Љ. А.

Имено, сега починатиот работел во надземен рудник – каменолом во Штип, кај сепарацијата за готов песок складиран во бетонски бункер на висина од 12-ина метри, при што дошло до свлекување песок по што работникот бил потрупан со поголема количина ситен сепариран песок.