Против 20-годишна девојка од селото Гургурница поднесена е кривична пријава за злоупотреба на лични податоци.

Полицијата јави дека во текот на јуни во 2016 година, пријавената, на социјалната мрежа „Инстаграм“ и на апликацијата „Снапчат“ креирала лажни профили со лични податоци на име В. К. (31) од Тетово и на нив објавувала фотографии од В. К. со компромитирачка содржина.