Полицијата до обвинителството поднесе кривична пријава против 13 лица лица од Куманово и Скопје, и едно лице од село Режановце кумановско, како и против четири фирми, од кои две од Скопје и две од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела.

Како што соопштија од МВР, пријавените се сомничат дека во периодот од 2011 до 2017 година ги сториле кривичните дела: „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, „фалсификување исправа“, и „помагање“. Притоа, тие со ваквите дејствија го оштетите буџетот на државата за износ од 39.815.609 денари или за нешто над 600.000 евра.

-Според документираните сознанија од истрагата во периодот од 2011 година до декември 2017 година, пријавените со намера да се оствари противправна имотна корист на штета на буџетските сретства обезбедени преку Министерството за образование и наука, а како блок дотации доделени за превоз на ученици за три основни училишта во општината Старо Нагоричане, организирале група од вработени во општината, директори на основните училишта и превозник од Куманово при што ја злоупотребувале постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, изготвиле фалсификивани договори и на тој начин овозможиле правните лица да ги исполнат условите предвидени во тендерската документација-велат од Министерството за внатрешни работи.

По ова, при користење на возилата за превоз на ученици за други намени, ги игнорирале претходно склучените договори за превоз, одобрувале и потпишувале фактури за извршени превозни услуги поединечно за секој месец со непрецизирани податоци без наведени релации, без број на ученици со многу повисоки фактурирани цени од договорените. Со ваквите дејствија и со признавањето на фактурите со невистинита содржина, пријавените го оштетиле буџетот на РСМ за износ од 39.815.609 денари.