Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против 50-годишниот Б.К. од селото Калишта, струшко, поради бесправно градење.

-Во текот на 2019, на подрачјето на Струга, пријавениот како сопственик и инвеститор, без добиена согласност и одобрение за градба, изградил автокамп и два помошни објекти – соопштуваат од МВР.