Полицијата во Неготино поднесе кривична пријава против С.А, 30-годишник од овој град поради сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Полициски службеници извршиле преглед во домот и автомобилот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин и таблети „антиестроген“.