Фото: Архива

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела тешка кражба.

– На 1.08.2019 во маркет на ул. Гоце Делчев во Охрид пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила влегле внатре и одзеле предмети. Исто така, на 12.08.2019 во маркет на ул. АСНОМ во Охрид пријавениот, со уште едно лице, на идентичен начин влегле и одзеле предмети. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 284.423 денари – соопшти МВР.