СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општата болница Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи и против Љ.А.(60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти МВР, во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општата болница за набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека О.Л. изготвила одлука за два милиони денари.

– По спроведената јавна набавка биле потрошени, 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума, а второ и трето пријавените дозволиле тие да бидат исплатени – наведуваат од МВР.