Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид.

Пријавата е поради објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што соопшти МВР, по насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, на 22.10.2018 година М.К. е повикан во полициска станица, каде појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон. Мобилниот телефон е одземен за понатамошно вештачење.