Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.О.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.

Полицијата денеска информира дека пријавениот кривичното дело го извршил во временскиот период меѓу 22 и 23 минатиот месец  во комплексот на поранешната фабрика „Отекс“. Користејќи две маси, се качил на таванот од помошната просторија во фабриката и по извршено пребарување во поранешните фабрички простории одзел 40 метри квадратни парапет-тавански алуминиумски профили.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Д.О. се стекнал со противправна имотна корист  во износ од 120.000  денари.