Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, ќе поднесе кривична пријава против С.М.(29) осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Како што денеска соопшти МВР, на 03.03.2019 полициски службеници од Казнено-поправната установа – Идризово извршиле преглед на С.М., при што кај него пронашле и одзеле хероин.