СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К. (67) од Охрид, за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Како што соопшти МВР, во период од октомври до декември 2016 година, пријавената во својство на виш соработник во Секторот за урбанизам, управување со градежно земјиште при Општина Охрид, несовесно постапувала во управен предмет за утврдување правен статус на бесправни објекти.

Таа без доставено правосилно оставинско решение од надлежен нотар, изготвила Решение за утврдување правен статус на бесправни објекти, урбанистичка согласност за бесправен објект семејна куќа запишана во имотен лист на име и во корист на Л.Б., со што овозможила истата да се стекне со целокупниот имот од нејзиниот покоен сопруг, при што била нанесена штета на неговата ќерка А.Б.