СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Н. (40) од скопското село Арачиново, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела убиство во вршење семејно насилство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 29.4.2020 околу 12.45 часот, во семејниот дом на ул. 1 во Арачиново пријавениот, по претходна расправија со неговата сопруга Б.Н.(36) од пиштол испукал еден проектил кон неа, по што побегнал. Б.Н. била пренесена во здравствена установа во с.Арачиново, каде од лекар била констатирана смрт.

Околу 13.30 часот во близина на бензинска пумпа во с.Арачиново, пријавениот бил лишен од слобода од полициски службеници, при што кај него било пронајден и одземен пиштол „берета“ кал.7.65 мм, кој го поседувал без дозвола и рамка со осум куршуми.