СВР Битола поднесе кривична пријава против О.А.(62) од Битола, хирург во Клиничка болница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето.

-На 20.04.2019 пријавениот извршл хируршка интервенција над С.П.(53) од Битола, која според исписната листа се водела на болничко лекување од осум дена, и покрај фактот што во исписната листа имало прекин од два дена. На 25.04.2019 од домот на сега веќе починатата, телефонски била побарана лекарска помош од Итната медицинска помош и домашно лекување и била префрлена во Клиничка болница Битола. На пациентката не ѝ била укажана лекарска помош според стандардните лекарски процедури при внатрешни крвавења, по што на 26.04.2019 во 22.10 часот починала на Одделението за хирургија – соопштуваат од МВР.