Тетовската полиција расчисти четири тешки кражби во цркви и поднесе кривична пријава против 18-годишник од тетовското село Озормиште.

Тинејџерот се сомничи дека во мај и јуни годинава насилно влегол во цркви во тетовските села Радиовце, Волковија и Јанчиште и украл пари.