Поради сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ и пет дела „тешка кражба во обид“, охридската полиција поднесе кривична пријава против 33-годишниот Ј.Н. од овој град.

Како што информираат од МВР, тој тешките кражби ги извршил во периодот септември-октомври годинава, насилно влегувајќи во куќи во Охрид.

Притоа, одземал златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети, со што, се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000 денари.