Кривична пријава е поднесена против 55-годишен жител на Крива Паланка поради основано сомнение дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

– На 25.07.2018 година во неговата куќа во Крива Паланка пријавениот извршил друго полово дејствие врз женско дете од Крива Паланка кое не наполнило 14 години, се наведува во денешниот полициски билтен.