Против П.К., поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до ОЈО за гоненење организиран криминал и корупција поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластувње“ (од член 353 ст.5в.в. ст.3 и 1 од КЗ на РМ) и против лицето Ш.Ц. од Хрватска во својство на одговорно лице во „Конструктор Инженеринг“ АД Сплит – Подружница во Република Македонија, Тетово, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувње (од член 353 ст.5 в.в. ст.3 и 1, в.в. чл.24 од КЗ на РМ).

Како што информираат од Управата за финансиска полиција, првопријавенииот во име и за сметка на Управата за заштита на културно наследство во текот на 2010 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучил Договор за изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид, со изведувачот Конструкторт Инженеринг АД Сплит, за што е обезбедена банкарска гаранција за понудата, но не и банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите.

Второпријавениот, во својство на одговорно лице во Конструктор Инженеринг АД Сплит, Подружница во Република Македонија Тетово, на ден 20 декември 2010 година до Управата за заштита на културно наследство, со цел да се стекне со противправна имотна корист, доставил времена ситуација и градежна книга со невистинита содржина во која лажно прикажал дека на објектот биле набавени материјали и извршени градежни работи, во вкупен износ од 19.614.482.40 денари со вклучен ДДВ.

И покрај тоа што првопријавениот П.К. бил должен да знае дека изведувачот Конструктор Инженеринг АД Сплит не ги извршил работите наведени во времената ситуација, не започнал со изведување на градежни работи на објектот, ниту било обезбедено одобрение за градба и не бил воведен во работата, на законските прописи одобрил и исплатил 19.614.482,00 со што му овозможил противправна имотна корист на второпријавениот Ш.Ц. и Конструктор Инженеринг АД Сплит.

Исто така пријавениот П.К., согласно законските прописи и договорот, бил должен да обезбеди банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите, а од причина што „Конструктор инженеринг“ не ја доставил истата првопријавенит П.К., иако бил должен, не го раскинал договорот и не ја активирал обезбедената банкарска гаранција за понудата во висина од 240.000 евра (14.760.000 денари) за кој износ е оштетена Управата за заштита на културно наследство и Буџетот на РМ.

Управата за заштита на културно наследство го раскинала договорот со „Конструктор инженеринг“ и во текот на 2012 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка склучила нов Договор за изведба на градежни и градежно занаетчиски работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид со изведувачот – Друштвото Митан Пром од Охрид.

Според Управата за финансиска полиција, со горенаведените дејствија првопријавениот П.К., помогнат од второпријавениот Ш.Ц., ја злоупотребил својата службена положа и овластување како директор на Управата за заштита на културно наследство со што му овозможил противправна имотна корист на второпријавениот Ш.Ц и „Конструктор Инженеринг“ АД Сплит за платената лажна времена ситуација во износ од 19.614.482 денари и износ од 14.760.000 денари на име на банкарска гаранција на понуда која првопријавениот пропуштил да ја активира односно на ваков начин го оштетил Буџетот на РМ во вкупен износ од 34.374.482 денари.