Струмичката полиција поднесе кривична пријава против грчки државјанин, со привремен престој во Струмица, бидејќи во станот во кој престојувал била пронајдена дрога.

Како што информираат од МВР, на 6 март годинава полицајци извршиле претрес во станот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Кривичната против Гркот е поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.