Од страна на косовското Министерството за внатрешни работи во текот на минатата недела уапсени се лицата Бесим Красничи и Фадил Точи, кои беа барани по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи за извршени тешки кривични дела, информира министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Акцијата за приведување на двете лица е реализиранa во непосредба соработка и комуникација помеѓу „Интерпол“ во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја.

– Согласно информациите со кои располагам, понатамошната постапка за екстрадиција ја координира Министерството за правда. Министерството за внатрешни и работи и понатаму ги презема мерки и активности за целосно и неселективно спроведување на законот – вели Чулев.