Петре Караманов, кој беше осуден на тригодишна затворска казна поради кражба на ќебапи, наводно, избегал од затворот во „Идризово“, пренесуваат повеќе македонски медиуми.

Според неофицијални информации, велешанецот бил осуден на затвор од шест години и еден месец, за разбојништво и за тешка кражба, а не само поради случајот со ќебапите, по што казната ја издржувал во „Идризово“.

Караманов, наводно, не се вратил во затворот откако бил пуштен на домашно отстуство на 4 април 2017 година. Тој влегол во казнената установа на 2 декември 2014 година.

Според информациите од затворот во Шутка, Караманов бил во притвор поради разбојништва извршени во 2002 и во 2014 година, додека во 2010 година поминал пет месеци во затвор поради кражба на моторно возило.