Четириесет и осумгодишен маж од селото Спанчево бил ограбен утрово околу шест часот во тунелот во Трговскиот центар во Кочани, од страна на непознато лице.

МВР соопшти дека според ограбениот, напаѓачот го фатил за врат, по што тој изгубил свест и паднал на земја. Кога се освестил забележал дека од џебовите му биле одземени околу 30.000 денари, клучеви од возило и картички од неколку банки на негово име.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.