Кочанската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишниниот П.С. од Струга, на издржување на затворска казна од седум години во затворот во Штип и против Н.Н.(28) од Штип.

Првопријавениот П.С. остварил комуникација преку апликацијата „Месинџер“ со лице од кочанско село и се претставил како ддевојка, по што успеал да го убеди да му ги даде сопствените лични податоци и податоците од неговата трансакциска сметка.

По тоа, двајцата пријавени како соизвршители аплицирале за брзи кредити и од две финансиски друштва им биле одобрени 76.500 денари.

Потоа, првопријавениот го довел во заблуда оштетениот дека парите се од „нејзини“ роднини од странство, оштетениот ги извадил од банка и ги дал на второпријавениот да ги предаде на П.С..