Во попладневните часови на 14 февруари противпожарна екипа од Скопје во полиција пријавила инцидент што се случил на улицата Саса во скопската населба Пинтија.

Според пријавеното, во подрумските простории на куќата во сопственост на Љ.А. (56) настанала експлозија на котел за греење на дрва.

Екипа на бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. На местото на настанот полицијата извршила увид.