Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против В.М.(46) од Република Косово, со привремено живеалиште во селото Крушевица, Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

– На 2 мај во атар на општина Росоман, пријавениот со употреба на сила се обидел да изврши обљуба над малолетник – велат од МВР.