Вчера на бензинска пумпа на улицата „Јадранска магистрала“ бил пронајден починат Б.Р.(56) од Косово.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица Чаир излегле на местото на настанот, а од лекар на Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.