На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера е уапсен 32-годишниот В.Т. од Косово, информира МВР.

МВР во дневниот билтен соопшти дека лицето се барало по телеграма од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија.

В.Т. е задржан за понатамошна постапка.