Во вечерните часови на 20. октомври на скопската улица „Ѓорче Петров“ автомобил „ауди“, управуван од А.А.(26) од село Кондово, не застанал на даден знак и удрил во полициски службеник, кој преземал службени дејства.

По преземени мерки од полицијата, А.А. бил пронајден.

Според пријавеното, потоа повеќе лица физички ги нападнале полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.