Едногласно и без дискусија е усвоен предлогот Катица Јанева да биде разрешена поради несовесно и нестручно раководење со СЈО.

Илија Димовски по седницата на Комисијата за избори и именувања истакна дека предлогот ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Предлогот на Комисијата сега оди на пленарна седница, а за да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство.