Седумдесет и четиригодишна жена од Неготино е тешко повредена кога во неа удрило комбе вчера на сервисна улица во круг на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По незгодата, на А.К. во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.