Комбе со мигранти предизвика сообраќајна несреќа вчера на ул. „Младинска“ во Струмица. Според информациите комбето, управувано од С.С.(27) од Кочани, удрило во „алфа ромео“, управувано од Б.Б.(26) од Струмица и во две паркирани возила.

Полицијата во комбето пронашла 32 мигранти, од кои 15 од Авганистан, девет од Пакистан, шест од Бангладеш и по еден од Сирија и Ирак.

По незгодата, во Медицински центар Струмица биле пренесени осум мигранти, при што кај двајца биле констатирани тешки телесни повреди, а кај шестмина телесни повреди.

Возачот бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар Винојуг.