Зоран Милески – Кичеец, кој издржува затворска казна за случајот „Рекет“ во затворот во Струга, е еден од учесниците во сообраќајната несреќа пред Стража, во која загина едно лице, а седум се повредени.

Од Управата за извршување на санкции велат дека тој користел 30-дневно отсуство од затвор.

„Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30-дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 8 август до 8 септември“, се вели во одговорот од Управата.

Милески е осуден на три години затвор, откако го призна делото за случајот „Рекет“.