Зоран Милески – Кичеец уште не се појавил во затворот „Скопје”, иако упатниот акт му беше за 12 октомври, а „Фокус“ објави дека тој побарал одложување на извршувањето на казната, повикувајќи се на информации од Кривичниот суд.

Се очекува Кривичен да излезе со соопштение откако судијата ќе го разгледа барањето на Милески. Toj беше осуден на тригодишна затворска казна во случајот „Рекет“.