Фото: Илустрација

На магистралниот пат Кичево-Гостивар кај селото Трапчин Дол, вчера околу пладне се случила сообраќајна незгода во кој автомобил „фиат сејченто“ со кичевски регистерски ознаки, управуван од Д.Д.( 35) од Кичево, и ПМФ „тојота“ со косовски регистерски ознаки, управувано од Б.Н.(40) од Приштина. При оваа незгода кичевецот Д.Д се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде што е згрижен. На местото на незгодата увид избршила екипа на ОВР Кичево по налог на Јавен обвинител.

Инаку, во делот од магистралниот пат од кичевска страна, изминатите години се случија голем број на тешки сообрајќи со повеќе жртви, и затоа оваа на делница се бара внимателно возење и поголема претпазливост на учесниците во сообраќајот. З.А.