Во попладневните часови на 4 јуни во СВР Охрид било пријавено дека во кичевското село Другово, се случила трагедија во која загинал 54-годишник од селото.

Според пријавата, додека извршувал работи на нива со мотокултиватор, 54-годишник ја исекол ногата и од здобиените повреди починал на местото.

Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.