Во ОВР Кичево вчера е пријавено казнено дело „обљуба“. Според пријавата, во понеделникот во периодот од 14.30 до 15 часот, А.Ц.(22) извршил обљуба врз 13- годишна малолетничка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава,информира Стефан Димоски , портпарол на СВР Охрид. З.А.