Пратеникот Александар Кирацовски во Обвинителството за организиран криминал и корупција утрово во 10 часот ќе дава исказ за случајот „Рекет“ пред обвинителката Вилма Русковска.

Тој деновиве во неколку наврати изјави дека Обвинителството треба да ги повика на распит сите политичари кои контактирале со Бојан Јовановски – Боки 13.

Инаку, пратеничката Фросина Ременски вчера даде исказ во Обвинителството отфрлајќи ги сите шпекулации за нејзина поврзаност со случајот „Рекет”.