Фото: Илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.В.(18) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во дневниот билтен МВР информира дека на 04.01.2019 година во Крива Паланка, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдена и одземена марихуана.