По наредба на Основен суд Кичево, на 25 април, во село Лисичани од страна на инспектори од полициската станица во Кичево, бил извршен претрес во домот на Б.Д.(40) од село Лисичани, при што биле пронајдени и одземени марихуана, 16 саксии со растение канабис, 9 пластични шишиња со непозната течност, како и други предмети.

-По дадени насоки од јавен обвинител од Гостивар, Б.Д. вчера со кривична пријава за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 255 став 1 од Казнениот закон предаден е во ОЈО Гостивар- информира Стефан Димовски портпарол на СВР-Охрид. З.А.