Утрово околу 3 часот, во близина на регионалниот пат Подмоље-Радожда, пред селото Калишта, полициските службеници од СВР Охрид пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана.

– По насоки добиени од јавен обвинител, марихуаната е предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – велат од МВР.