Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, денеска извршиле претрес во домот на Ш. О. (26) од Арачиново.

Како што информираат од МВР, при претресот била пронајдена автоматска пушка „МП 40“, една рамка за пушката и 16 куршуми.

Арачиновецот бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.