Во близина на Демир Капија во попладневните часови на 10 август, полицајци кај месноста викана „Острово“ пронашле 22 мигранти (20 од Пакистан и два од Бангладеш).

Како што информираат од МВР, во врска со случајот, приведен е жител на Арачиново и одземен е автомобил со скопски регистарски ознаки.

Полицијата работи на расчистување на случајот.